Крвав напад во средно училиште во Германија. Според министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоаким Херман зад нападот стои 16-годишен Хрват кој тешко повредил две девојчиња кои се надвор од животна опасност. Напаѓачот е уапсен.
Очевидци раскажуваат дека поранешниот ученик во гимназијата Вефлен во Шонгау влегол во училишниот простор и истрелал куршум од пиштол, кој потоа му откажал, па продолжил да напаѓа со нож.
Според министерот Херман, како што пренесува новинската агенција ДПА, уапсеното момче во минатото било на психијатриско лекување.
