Вести Македонија

За пари од осигурување лажно пријавиле сообраќајка, „Безбеден град“ ги откри

Двајца лица се уапсени под сомнение за пријавување сообраќајка заради осигурителна измама. Имено двете лица вчера пријавиле дека се случила сообраќајна незгода во која учествувал четирицикл кој излетал од патот и се превртел.

Сепак, откако полициските екипи провериле во видеозаписите на Безбеден град откриле дека возилото воопшто не учествувало во сообраќај, туку било донесено на местото од влечна служба.

– На 08.07.2026 во 21:55 часот во СВР Тетово, С.А.(44) од с.Џепчиште пријави случена сообраќајна несреќа на крстосницата од ул. 135  и ул.Саво Тасевски во Тетово, каде наводно четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ш.А.(45) од село Јажинце, излетал од коловозот и се превртел, стои во соопштението на МВР.

По преземени мерки полициски службеници извршиле проверка на видеозаписите од безбедносните камери на системот Безбеден град при што било констатирано дека четирициклот не учествувал во сообраќајна несреќа, туку бил донесен на местото со возило на влечна служба, растоварен и потоа намерно превртен од страна на неколку лица на тротоарот со цел да се фингира сообраќајна незгода.

Во координација и по насоки со ОЈО Тетово, четирициклот е одземен со потврда и задржан за понатамошна постапка. Околу 23:50 часот, полициски службеници ги лишиле од слобода возачот Ш.А. и пријавителот С.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело осигурителна измама. Осомничените се задржани во полициска станица Тетово за понатамошна постапка, по што ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Генералниот секретар на Интерпол: Maкедонија е важен партнер во борбата против организираниот криминал

Tea Dimkovska

Германија ќе набави американски ракети „Tомахавк“

Kristina Kuzmanovski

Бојковски не призна вина – Обвинителството најави докази со кои ќе докаже дека тој е сторителот и за мотивите за убиствата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе