Вести Свет

САД и Иран продолжуваат со нападите – се засилуваат и вербалните закани за целосно обновување на конфликтот

Продолжуваат обновените судири меѓу САД и Иран, еден ден откако американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека прекинот на огнот е завршен.

Американската војска соопшти дека уништила 90 цели долж иранското крајбрежје. Како одговор, Иранската револуционерна гарда потврди дека ги гаѓала американските воени бази во Кувајт и Бахреин, додека иранската армија пак дополнително нападнала американски воен објект во Катар.

Покрај нападите, двете страни разменуваат и закани.

Шефот на американската држава, Доналд Трамп, го предупреди Иран дека нападите „ќе станат многу полоши“ доколку продолжи да напаѓа бродови во Ормускиот Теснец.

За секој еден напад од Иран, ние уништуваме 20 нивни цели, триумфално порача Трамп, додавајќи, по кој знае кој пат дека САД веќе победиле во војната против исламската република.

Тие веќе очајно бараат договор, но јас не знам дали го заслужуваат тоа, кажа Трамп, без да понуди никаков доказ за тоа што го зборува.

Претседателе, дали се враќаме кон целосен воен конфликт? -беше прашан Трамп во авионот со кој се враќаше од НАТО самитот.

„Не знам. Не знам, но ќе победиме многу брзо. Тоа е уште еден начин на водење… Имаме многу начини да победиме, но воено веќе победивме. Ним им остана многу малку. Навистина им остана многу малку и очајно сакаат да постигнат договор. Се јавија пред малку. Толку многу сакаат договор. Само не знам дали заслужуваат да се склучи договор со нив. Не знам дали ќе го почитуваат договорот. Тоа е проблемот“ – одговори американскиот претседател.

Но, од вербалните закани не се воздржуваат ниту иранските претставници.

Главниот ирански преговарач, Мохамед Багер Галибаф, го предупреди Трамп дека на секој американски напад ќе има одговор од исламската република.

Во објава на социјалните мрежи, Галибаф напиша дека насилничкото однесување и прекршените ветувања повеќе нема да останат без последици.“

Ормускиот теснец ќе биде отворен само под ирански услови а не со американските закани, изјави главниот ирански преговарач.

Во Иран денеска завршуваат и повеќедневните погребни церемонии за ајатолахот, Али Хаменеи, кој беше убиен во американски напад на почетокот на војната на 28-ми февруари. Централно прашање е дали неговиот син и потенцијален наследник, Моџтаба Хаменеи конечно ќе се појави во јавноста.

Н.И

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во кабина на товарно возило најдени 24 пакувања со марихуана – возачот е уапсен на излез од државата

Дејан Дејан

Почина велшката пејачка Бони Тајлер

Дејан Дејан

Левица: Постои дискриминација во изборните правила

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе