Вести Култура

„ Приказната за Силјан“ освои две номинации за престижните американски телевизиски награди ЕМИ

Документарниот филм „ Приказната за Силјан“, на режисерката и продуцентка Тамара Котевска, доби две номинации за престижните американски телевизиски награди ЕМИ. Номинациите се за исклучителна вредност во документарното филмско творештво и за извонредна кинематографија за неиграна (документарна) програма. Втората номинација е за директорот на фотографија на филмот, Жан Дакар. Ова е прв пат македонски филм да освои номинации за ЕМИ.

„ Приказната за Силјан“ е и прв наш документарец што лани во септември го откупи за прикажување престижниот дистрибутер „ Нешнал Џиографик Документари филм“.

Од светската премиера на фестивалот во Венеција во 2025 година , каде освои „ Награда на музита “ за најинспиративен филм вон конкуренција, до сега ова остварување доби 9 награди и 17 номинации и беше македонски кандидат за наградите Оскар во две категории : Најдобар странски филм и најдобар документарец.

Доделувањето на наградите ЕМИ по 78 пат, ќе се одржи на 14 септември во Пикок театарот во Лос Анџелес. А, наградите во креативните категории (Creative Arts Emmy Awards),  ќе бидат врачени на 5. и 6. септември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД и Иран продолжуваат со нападите – се засилуваат и вербалните закани за целосно обновување на конфликтот

Дејан Дејан

Во кабина на товарно возило најдени 24 пакувања со марихуана – возачот е уапсен на излез од државата

Дејан Дејан

Почина велшката пејачка Бони Тајлер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе