Вести Македонија

Две девојчиња за насилство врз 12-годишната жртва, две момчиња за потикнување и за снимање на инцидентот и 5 родители- МВР со кривична пријава за меѓуврсничкото насилство во Аеродром

МВР соопшти дека против вкупно 9-мина од кои 5 возрасни и 4 малолетнички (деца) поднесе кривични пријави по инцидентот во паркот „Ентер“ во Аеродром во Скопје кога 12-годишно девојче беше малтретирано од други деца, додека поголема група на врсници „навиваа“ додека пред нивните очи девојчето беше малтретирано и удирано.

Полицијата соопшти дека осомничените биле испрашувани и откриени од страна на полициските службеници во ОКР Аеродром и Драчево, а во истрагата учествувале и припадници на полициската ОКР Кисела Вода, бидејќи меѓу осомничени има и деца од Аеродром, но и од соседната општина Кисела Вода кои биле во паркот „Ентер“.

Две девојчиња се осомничени за насилство и се на возраст над 14 години. Едната ја удирала со шамари, додека второто девојче ја држело за коса и ја терало да клечи пред поголема група малолетници. Едно осомничено момче се гони за потикнување и за неовластено снимање. Уште едно малолетно момче е осомничено за неовластено снимање.

Со пријавата се опфатени и 5 родители, мајки и татковци на трите првоосомничени малолетници. Настанот ја згрози јавноста бидејќи на очигледно насилство, малолетните деца наместо да помогнат, се ситат на жртвата, ја навредуваат и и се смеат додека таа е клекната на колена. Едно момче кое снима дури вика сите да молчат за да се слушне подобро одмаздничката шлаканица која треба да ја удри девојче кое сега е осомничена за насилство.

Во продолжение целото соопштение на МВР:

СВР Скопје целосно го расчисти случајот од 30.06.2026 во 21:40 часот во парк во општина Аеродром, кога 12-годишно девојче, беше физички нападнато од малолетнички, а други присутни малолетници снимале со мобилни телефони.

Од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело „насилство“, предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторени кривични дела „поттикнување“ предвидено и казниво по член 23 од Кривичниот законик во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик и „неовластено снимање“ предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторено кривично дело „неовластено снимање“ предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, како и против родителите И.В., М.В., М.П., И.А. и И.А. за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ предвидено и казниво по член 201 од Кривичниот законик.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За врсничкото насилство кое ја згрози јавноста ќе одговораат 14 годишни девојчиња по Законот за малолетничка правда

Дејан Дејан

Левица нуди компромис за Изборниот законик, СДСМ не отстапуваат

Дејан Дејан

Пациент заболен од маларија хоспитализиран на Инфективна по враќање од Занзибар и Танзанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе