Двете девојчиња кои ја малтретираа 12-годишната жртва во паркот Ентер во Аеродром се осомничени за насилство, објави денеска МВР. Тие се на возраст над 14 години и ќе се гонат по Законот за малолетничка правда.
Едната ја удирала со шлаканици, додека второто девојче ја држело жртвата за коса и ја терало да клечи пред поголема група малолетници. Додека 12-годишно девојче беше малтретирано, поголема група на малолетници „навиваа“ иако пред нивните очи девојчето беше малтретирано, навредувано и удирано. Осомничени се уште две малолетни момчиња, едното за потикнување, како и за неовластено снимање на инцидентот. Момчето кое снима и поттикнува, во еден момент вика сите да моллчат за да се слушне подобро одмаздничката шлаканица која ја удира девојчето кое сега е осомничено за насилство.
„Поднесена е кривична пријава за две малолетнички за сторено кривично дело насилство, против еден малолетник за сторени кривични дела поттикнување и неовластено снимање. Против еден малолетник за кривично дело неовластено снимање како и против петмина родители за кривично дело запуштање и малтретирање на дете“, реле Гоце Андреевски, портапрол на МВР.
Осомничените родители се мајки и татковци на насилните девојчиња и момчето кое го потикнувало насилството. Родителите ќе се гонат за запуштање, а предметот ќе го води скопското обвинителство. За децата, предметот и иситражната постапка ја води судот кој треба да биде известен од Јавното обвинителство за поднесената кривична пријава.
Инцидентот се случи на 30-ти јуни, во вечерните часови, а настанот ја згрози и ја вознемири јавноста бидејќи на очигледно насилство, малолетните деца наместо да помогнат, се ситат на жртвата, ја навредуваат и и се смеат додека таа е клекната на колена и удирана.
Миомир Серафиновиќ
