Вести Економија Македонија Топ вести

Заврши и третиот повик за нови автобуси, детали за понудувачите засега нема

И третиот повик за набавка на нови автобуси заврши, но неизвесноста останува. Два дена по истекот на рокот за доставување на понуди, од министерството за транспорт и врски за Телма соопштија само дека следи нивна проценка,  без да споделат детали за тоа колку компании се пријавиле  нам повидок и дали станува збор за европски фирми.  Иако, отворањето на понудите е јавно.

Претходниот повик на кој како најповолен понудувач беа избрани унгарската компанија Електробус Икарус и австриската ЕВН, беше поништен затоа што една од четирите пријавени на повикот поднела жалба до Комисијата.

Повикот пак кој беше објавен во јуни лани пропадна со образложение дека  единствениот пријавен понудувач не ги исполнувал условите.

Планот е  да се обезбедат 150 нови електрични автобуси, 100 за Скопје и останатите за другите општини и да бидат со црвена или бела боја. Се набавуваат и полначи за автобусите. Проценетата вредност е дека ќе чинат околу 50 милиони евра.

И додека се чека да дојдат, граѓаните секојдневно во анкетите се жалат дека не можат да се потпрат на јавниот превоз. На таблите поставени на автобуските пишува кој автобус со кој број за колку време треба да пристигне, но често се случува или да доцнат или воопшто да не дојдат. С

Се случува да стојат и по булеварите поради дефект, а и да прочитаме дека некој автобус се запалил.

Прикаската за автобусите се провлекува веќе подолго време. Во времето кога со градот  Скопје управуваше Данела Арсовска, во медиумите се пишуваше дека точката за новите автобуси повеќе пати била доставена до советниците, но не била поддржана да биде дел од дневниот ред.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Агент на имиграциска служба го усмрти Лоренцо Салгадо Араухо во Хјустон

Tea Dimkovska

Девизните резерви на крајот на јуни изнесувале четири милијарди и 936 милиони евра

Sasko Dimovski

Радев од самитот на НАТО во Анкара: Ја предизвикуваме најголемата нуклеарна сила, иако немаме доволно развиени капацитети за нејзините хиперсонични ракети

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе