Вести Свет Топ вести

Руте: Новите напади на САД врз Иран беа апсолутно неопходни

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека новите напади на САД врз Иран биле „апсолутно неопходни“, оценувајќи дека Вашингтон морал да реагира одлучно по, како што наведе, „иранското кршење на примирјето“.

„Кога имате примирје, а Иран во основа го крши, мислам дека е апсолутно клучно за силна реакција од САД“, изјави Руте пред новинарите во Анкара, во пресрет на самитот на НАТО, пренесува „Ројтерс“.

Тој додаде оти од сојузниците во текот на денот очекува потврда на ставот дека Иран треба во целост да го отвори Ормускиот Теснец за меѓународен сообраќај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Google Street View се враќа во Македонија со обемно обновување на снимките низ земјата – опфатени 13.000 километри

Sasko Dimovski

Николоски и директорoт на ЈП Железници на тест возење на реконструирана пруга за товарен железнички сообраќај

Tea Dimkovska

Сиљановска од Анкара: Со политичка мудрост можеме да креираме решенија во служба на мирот и безбедноста

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе