Вести Македонија Топ вести

Сиљановска од Анкара: Со политичка мудрост можеме да креираме решенија во служба на мирот и безбедноста

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер присуствуваше на приемот што го организираше претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во пресрет на Самитот на НАТО, кој се одржува во Анкара.

Како што објави на својот „Фејсбук“ профил, на приемот со шефови на држави и влади размениле мислења за натамошното обликување на евроатлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство.

„Во духот на сојузништвото и меѓусебната почит, со шефовите на држави и влади разменивме мислења за натамошното обликување на евроатлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство“, напиша Сиљановска-Давкова.

Таа изрази уверување дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност, сојузниците можат да креираат решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Google Street View се враќа во Македонија со обемно обновување на снимките низ земјата – опфатени 13.000 километри

Sasko Dimovski

Николоски и директорoт на ЈП Железници на тест возење на реконструирана пруга за товарен железнички сообраќај

Tea Dimkovska

Руте: Новите напади на САД врз Иран беа апсолутно неопходни

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе