Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека размислува за продажба на борбени авиони F-35 на Турција, и покрај забраната за таква продажба што самиот ја воведе додека беше претседател.
Разговарајќи со новинарите за време на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Трамп беше прашан дали ќе дозволи продажба на американските борбени авиони на Турција, која беше исклучена од програмата F-35 откако купи руски системи за противвоздушна одбрана.
„Тоа секако е нешто што ќе го разгледаме“, рече Трамп додека седеше покрај својот турски колега.
Тој додаде: „Турција на многу начини беше полојална од други земји“.
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, јавно ги повика САД да не ги продаваат авионите на Турција, предупредувајќи дека тоа би ја нарушило рамнотежата на силите на Блискиот Исток.
Трамп, исто така, повторно ги критикуваше земјите-членки на НАТО затоа што, според него, не им помогнале на САД во војната со Иран.
„Италија нè одби, Германија нè одби и Франција нè одби“, рече Трамп. „И тоа е во ред. Но, знаете, зошто ние трошиме стотици милијарди долари, а тие не се тука за нас? “ – изјави Трамп.
Оваа критика е едно од главните прашања на несогласување меѓу Трамп и НАТО, организација што тој претходно ја опиша како „тигар од хартија “.
