Вести Македонија Најважни

Заменскиот поевтин лек за болните од астма и ХОББ го нема во аптеки – Клековски најавува решение до петок

„Во моментов го немаме“, е одговорот што го добиваат пациентите кои во аптеките го бараат лекот Блоцета. Станува збор за терапија наменета за пациенти со астма и Хронична опструктивна белодробна болест, која требаше да биде достапна и поевтина алтернатива на лекот Фостер. Но, во моментов Блоцета не може да се најде во аптеките.

Ова значи дека околу 10.000 пациенти кои ја користат оваа терапија во моментов може да користат само Фостер, кој со најновите замени што ги направи Фондот за здравство чини повеќе од 1.000 денари. Надлежните најавуваат одговор до крајот на неделава.

„Ние сме во комуникација со двата производители и очекувам до петок да биде појасна состојбата со достапноста на двата лека, бидејќи и до двата производители разговараме околу некои промени“, рече директорот на ФЗО, Сашо Клековски.

Промени сега има и кај Клексан кој досега пациентите често го купуваа со сопствени средства. Од пред една недела е на позитивната листа на лекови. Заедно со него, на листата се додадени и антикоагулансите Надропарин и Ривароксабан.

Тоа значи дека пациентите повеќе нема да треба прво да ги купуваат лековите, а потоа да бараат рефундација од Фондот, туку ќе можат да ги подигнуваат во аптеките со рецепт од специјалист и со пониска партиципација. За оние кои го купиле Клексан од 1 до 15 јули, Фондот најави рефундација за да не бидат оштетени. Од таму уверуваат дека аптеките и матичните лекари се известени за новиот начин на издавање и дека лековите од позитивната листа мора да се добијат на рецепт.

Се што е на позитивна листа мора да се издава на рецепт. Од дискусија со фармацевтските куќи имам информација дека на некои аптеки не порачале доволни количини, меѓутоа очекувам во наредните денови да се стабилизира снабдувањето кон помалите градови, кон помалите аптеки . Пациентите не смеат да бидат вратени доколку имаат рецепт“, рече Сашо Клековски, директор на ФЗО.

Клековски, кој наскоро ќе седне во министерската фотелја во здравство, вели дека за две години позитивната листа на лекови е проширена, но зголемени се и контролите кога се издаваат лековите.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп размислува да и продаде на Турција борбени авиони F-35

Дејан Дејан

Трамп по пристигнувањето во Анкара: Многу сум разочаран од НАТО, помош за Иран не нѝ требаше, само ги тестирав луѓето

Sasko Dimovski

Судски совет го пензионира претседателот на Судот во Гостивар, обвинет дека зел 8.000 евра за да влијае врз судии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе