Илјадници луѓе се евакуирани во јужна Европа поради големи шумски пожари што беснеат во Португалија, во Шпанија, во Франција и во Грција. Стотици пожарникари се борат со огнените јазици што досега уништија повеќе од 19.000 хектари земјиште. Температурите растат, а прогнозите се дека ќе достигнат и 40 степени во делови на Европа кои сè уште страдаат од последиците на досегашните топлотни бранови.
„Гигантски“ пожар гори во близина на градот Перпињо во југозападна Франција. Огнот се шири во тешко пристапно подрачје, каде 10.000 жители се евакуирани.
Поради шумските пожари, организаторите на велосипедската трка Тур де Франс објавија дека третата етапа низ Пиринеите ќе се одржи без гледачи.
Во деновите од викендот изгореа две фабрики во Солун, принудувајќи ги властите да го евакуираат околното подрачје и наложувајќи им на домаќинствата да не отвораат прозорци.
⚠️ Ολονύχτια μάχη με τις φλόγες έδωσαν -και συνεχίζουν να δίνουν- οι πυροσβεστικές δυνάμεις στο Ωραιόκαστρο Θεσσαλονίκης.
🎞️ Αλέξανδρος Λιτσαρδάκης / NEWS 24/7 #Ωραιόκαστρο #φωτια pic.twitter.com/qjTQu9LaAX
— NEWS 24/7 (@News247gr) July 5, 2026
🚨Ανεξέλεγκτη η πυρκαγιά στο Ωραιόκαστρο Θεσσαλονίκης.
Πηγή: πρώτο θέμα pic.twitter.com/m3GLMrHVRf
— Forecast Weather Greece (@ForecastGreece) July 4, 2026
Во Шпанија, пожар во близина на североисточниот брег на Коста Брава „проголта“ 2.200 хектари во само два дена. Големи пожари уништија стотини хектари шума, лозја и ниска вегетација на хрватскиот остров Хвар, како и во Тали во Албанија.
