Полицијата преведе маж поради основно сомневање дека предизвикал пожар во атарот на селото Долно Оризари, кој зафатил и викенд куќа, соопшти полицијата.
-На 05.07.2026 во 15:20 часот во село Долно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.О.(61) од Велес. Тој се сомничи дека околу 14:25 часот на место викано „Свилара“ во атар на село Долно Оризари, запалил сува трева во својот овоштарник и предизвикал пожар кој зафатил нива, помошна просторија, бандера и инвентар од викенд куќа, сопственост на 42-годишната М.Т од Велес. При обид да го изгасне пожарот, А.О се здобил со повреди. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. А.О. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Минатата недела пожар избувна и кај ј месноста наречена Трите дола, велешко што зафати неколку викендици и стари куќи, дел од лозови и други насади и пчелни сандаци. Пожарот беше ставен под контрола, но поради непристапноста на теренот и силниот ветер гаснењето беше отежнато. информираше градоначалникот Марко Колев.
(видео+фото) Пожарот во Велес ги зафати викенд куќите се уште не е целосно изгаснат
