Пожарот кој започна кај месноста наречена Трите дола, велешко што зафати неколку викендици и стари куќи, дел од лозови и други насади и пчелни сандаци е ставен под контрола, но поради непристапноста на теренот и силниот ветер се уште не е изгасен, информираше градоначалникот Марко Колев.
Тој изразува жалење за настанатата штета и им се заблагодари на пожарникарите од ТППЕ Велес кои интервенирале со 16 пожарникари и со механизација.
Соред ЦУК на отворен простор до 18:00 часот вчера имало 13 пожари на отворен простор, од кои 2 се активни, а 11 се изгаснати. Огнот зафатил нискостеблеста шума, сува трева и грмушки, но и ѓубре.
Противпожарниот авион ,,ер трактор” на ДЗС врз денешниот пожар во Велешкиот регион.
