Вести Македонија Топ вести

Со трета и четврта средно до полициска униформа – МВР објави повик за прием на 200 ученици во полициското училиште „7 мај“

Министерството за внатрешни работи (МВР) објави јавен повик за прием на 200 редовни ученици за Средното полициско училиште “7 мај“ при Полициската академија. Редовните ученици, кандидати, кои завршиле втора година средно образование во средните училишта на територијата на државата треба да исполнат општи и посебни услови за прием и селекција.

Четирите општи услови, утврдени со закон и подзаконски пропис донесен врз основа на закон, се да се државјани на Македонија, да немаат наполнето 18 години на денот на објавување на конкурсот, активно да го користат македонскиот јазик и да се здравствено и психофизички подготвени.

Посебните услови се однесуваат на општиот успех во двете завршени години средно образование да биде најмалку „добар“ и на ученикот да не му се изрекувани педагошки мерки во училиштето каде што ги завршил прва и втора година средно образование, да ги поседува потребните моторички способности, да го положи општообразовниот тест, како и успешно спроведено интервју, односно поединечен разговор со кандидатот.

Ова е прв јавен повик за упис на редовни ученици во Средното полициско училиште „7 мај“ по пауза од 26 години. Последната 24-та генерација во Средното полициско училиште се запиша во 1996 година и заврши во 2000-та година, а со примената на ова законско решение ќе се продолжи со 25-та генерација ученици во Средното полициско училиште.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО – ДПМНЕ: СДС и Левица со координирана блокада со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик и реформите

Дејан Дејан

Левица: Дали со булдожер на „Национални шуми“ е пробиван пат до приватно ловиште и оштетен археолошки локалитет кај Демир Хисар?

Дејан Дејан

Малтретирањето на девојчето се случувало во паркот „Ентер“ во Аеродром

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе