Вести Македонија Топ вести

„Безбеден град“ ќе почне да евидентира сторени сообраќајни прекршоци и од странски возачи

Системот „Безбеден град“ наскоро ќе почне да евидентира и да испраќа казни за сторени сообраќајни прекршоци до странски државјани – изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Апелираше до граѓаните што транзитираат низ земјава, особено по коридорите 8 и 10, да бидат одговорни и да ги почитуваат сообраќајните правила. Целта, како што вели, е да се спасат човечки животи.

Покрај македонските граѓани, наскоро и граѓаните што транзитираат во земјава ќе добиваат казни за сторени сообраќајни прекршоци. Системот ‘Безбеден град’ функционира и ќе се однесува за сите, без разлика дали е со македонски или со странски регистарски таблички. Брзо ќе бидете сведоци на целосна, комплетна имплементација на вториот чекор кој се однесува на достава на казните за оние кои управуваат странски регистарски возила, изјави Тошковски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател, СДСМ се зајакнува

Дејан Дејан

ЦГК: Избледени и необлежани пешачки премини ризик за безбедноста

Дејан Дејан

ДЗР: Слабости во управувањето и јавните набавки на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе