Вести Македонија Топ вести

МВР со над 40 милиони евра ќар од издавањето лични документи

Скоро 44 милиони евра заработило Министерството за внатрешни работи од издавање на лични документи на граѓаните во изминатите пет години, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Според истражувањето, граѓаните за пасоши, лични карти и возачки дозволи платиле 73 милиони евра, додека тоа го чинело МВР 29 милиони евра, и сето тоа врз основа на тендер стар 21 година, кој цела деценија се продолжува под непознати услови. МВР не соопштува колку пасоши и лични карти биле издадени.

Истражувањето „Јавен надзор над јавните набавки“ покажува дека обрасците за лични документи се набавуваат од германската фирма „Гисеке и Девриент“ која го добила тендерот во 2005 година, со важност од 11 години, односно до 2016 година, а во изминатата деценија договорот се продолжува под непознати услови и врз непознат законски основ.

Со ваквата тајност на целиот договор и неговите анекси се ограничува увидот на јавноста во финансиските и во договорните аспекти на оваа набавка, наведува Центарот за граѓански комуникации.

  • „Прашањата кои ги доставивме до МВР за да ни ги достават тековните договори, законскиот основ за склучувањето, бројот на обрасци кои биле купувани во одреден временски период, сите овие информации МВР ги прогласи за класифицирани, односно рече дека тоа се доверливи податоци и дека нивното изнесување во јавност ќе нанесе штета врз работата на МВР без да прецизира за каква штета станува збор“, вели Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации.

Во април минатата година, Министерството склучило договор со Друштвото за консалтинг „Таргет Комуникации“ Скопје, за испитување на можностите целокупниот процес од производство до издавање на лични документи да се врши на територијата на државата.

Во МВР велат дека постапката за набавка за обрасци за лични документи се спроведува во согласност со Законот за јавни набавки, во која се утврдуваат и цените на обрасците. Цените кои граѓаните ги плаќаат се утврдени со решение и одлука на Владата.

  • „Не се работи за таен договор, туку за повеќе постапки кои содржат различни класифицирани сегменти. Постапувањето по физибилити студијата е сè уште во тек, по што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат во МВР.

Истражувањето покажува дека сега се трошат двојно повеќе пари за набавка на обрасци, иако МВР не кажува колку обрасци биле набавувани. Првичниот договор од 2005 година бил 23,5 милиони евра за 11 години, а во последните 5 години биле потрошени 29 милиони евра.

Срѓан Стојанчов

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Студентите во студентскиот дом во Охрид седум дена без топла вода – како решение им било понудено сите да користат една соба со туш

Tea Dimkovska

ЕУ со нон-пејпери се подготвува за проширување – Македонија заглавена на уставните измени

Дејан Дејан

Докази поврзани со агенцијата за обезбедување Рубикон, изведувани на денешното рочиште за ПУЛС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе