Вести Македонија Топ вести

САС на МПЦ-ОА: Духовното и културно богатство на македонските храмови e во лоша состојба

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија на редовна седница формира комисија за решавање на материјалната состојба на новоформираните епархии.

На седницата за нов член во постојаниот  состав на Синодот е избран митрополитот Струмички г. Наум, а негов заменик митрополитот Европски г. Пимен.

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија , на својата редовна седница во полн состав, одржана на 26 мај 2026 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со животот на нашата Света Црква. Светиот синод ги разгледа и ги усвои годишните извештаи од епархиите на МПЦ – ОА во татковината и дијаспората при што обрна посебно внимание на оние показатели кои сведочат за демографската состојба кај македонскиот православен народ. Воден од пастирска грижа, Светиот архијерејски синод, одлучи да формира Фонд за поткрепа на многудетни семејства, соопшти МПЦ-ОА по седницата.

Разгледувајќи ја состојбата на духовното и културно богатство на македонските храмови и манастири,  како што информираат, Синодот со жалење констатирал дека заради немање доволно стручни кадри кои би го конзервирале, тоа се наоѓа во лоша состојба.

Светиот Синод апелира до надлежните институции неодложно да преземат соодветни мерки со цел да го зачуваме она што ни е оставено од нашите претходници.

 

фото: МИА

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе