Не е првпат големи и капитални случаи за корупција да се затвараат без резултат, но несфатливо е и што државниот обвинител не бил информиран за текот на сега веќе запрената истрага за мазутот, вели во интервју за КОД, Слаѓана Тасева, од Транспаренси интернешнл.
Во КОД вечерва и за приговорот на ЕСМ која бара да продолжи истрагата за мазутот, но и зошто не може да се прочитаат резултатите од анализите во истрагата за загадување од мазутот изгорен во ТЕЦ Неготино. Емисијата е по вечерните вести на Телма, во недела, во 19:15.
