Вести Свет

И последниот протестен митинг на студентите во Белград заврши со судири меѓу демонстрантите и полицијата

Протестите во Белград предводени од студентите повторно завршија со судир меѓу полицијата и демонстрантите.

Нередите овој пат избија пред самиот крај на протестот, кога група демонстранти започна да фрла петарди во кампот на поддржувачите на власта, колоквијално познат како „Чациленд“.

Поради тоа во паркот каде што се наоѓа кампот пристигнаа припадници на полицијата и жандармеријата, по што и тие станаа мета на камења, шишиња, факели и други предмети.

 

 

Полицијата интервенираше во обид да ги истисне демонстрантите од плоштадот Славија, кои пак одговорија со палење и превртување на повеќе контејнери за отпад, за да ја забават полицијата.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ вечерва изјави дека 23 лица се приведени за напади врз полицајци по протестите во центарот на Белград. Дачиќ на прес-конференција изјави дека инцидентите се случиле по завршувањето на собирот на плоштадот Славија.

Според него, екстремна група демонстранти ја пробила безбедносната ограда и ги нападнала полицајците, биле фрлани камења, шишиња и пиротехнички средства, како и дека шахтите биле отстранети за да се користат за  напади.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зајкова: Вистински патриотизам се докажува таму каде што се носат одлуките во Европа – преку директна борба за подобар живот на сопствениот народ

Tea Dimkovska

ДУИ: На самитот на НАТО во Турција нема ниту еден Албанец во државната делегација

Tea Dimkovska

Велешанка со нож го прободела вонбрачниот сопруг по семејно насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе