Вести Спорт Топ вести

ФК Шкендија пред сериозни санкции, ФФМ ќе ги заострува казните по скандалите во Финалето

Фудбалското куп финале беше одиграно на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје,  но воопшто не наликуваше на натпревар со вакво значење, имајќи ја предвид тажната слика на трибините кои беа речиси празни, со исклучок на присуството на помали групи симпатизери на клубовите како и  најблиските роднини и пријатели на фудбалерите.

Дополнително, фудбалот беше на некој начин во втор план на вчерашното 33. издание на финалето од домашниот куп, поради срамниот старт кога навивачите на Шкендија не покажаа ниту минумум респект, па ја исвиркаа химната на Македонија во текот на нејзиното интонирање, пред официјалниот почеток на средбата.

Конечниот резултат во ова финале гласеше 1:0 за тимот од Кратово, предводен од Александар Васоски, а единствениот погодок вреден куп титула го постигна босанскиот интернационалец Ади Алиќ. Со вчерашната победа, Силекс обезбеди и учество во квалификациите на Конференциската лига на УЕФА.

Скандалозен беше и односот на фудбалерите на поразениот табор при финалната церемонија, кога не го испочитуваа свечениот чин на доделување медали, туку одлучија воопшто да не ги примат одличјата. Ваквиот неспортски потег, нивниот тренер Јетон Беќири не го осуди, туку на новинарско прашање, само искоментира дека тоа според него е техничка грешка или пропуст. Фудбалската Федерација на Македонија потврди отворање на дисиплинска постапка против Фк Шкендија за: непочитување на националната химна, користење на пиротехнички средства, националистичко скандирање, истакнување на знамиња со навредлива и нацистичка содржина и одбивање од страна на играчите да ги примат медалите шо истовремено преставува целосно непочитување кон противничкиот, победнички табор.

Од Министерството за спорт пак, најавија дека ќе ја разгледуваат можноста за измени во Законот за спорт, според кои ваквите случувања во иднина би биле ригорозно санкционирани, со кратење на финансиската помош од страна на државата како и одземање на решенијата за бавење со дејност спорт.

 Јана Серафимова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца хоспитализирани, еден опериран – над 30 повредени од невремето во Скопје

Sasko Dimovski

Утврдено зголемено ниво на арсен во водата за пиење во Валандово – граѓаните да не ја користат за пиење

Sasko Dimovski

Подолго време е потребна претпазливост во Гостивар, не знаеме што сè има во фекалното загадување, советуваат инфектолозите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе