Вести Македонија Најважни

Со албански знамиња и скандирање УЧК – студентите Албанци бараа да полагаат правосуден испит на мајчин јазик

Нов протест на студентите Албанци. Нивното барање е веќе познато- правосудниот испит да го полагаат на албански јазик. Демонстрантите речиси еден час се собираа пред Камениот мост. Откако со автобуси пристигна поддршката од Тетово Струга, а според информациите допатувале и студенти од Приштина, но и од Албанија, тргнаа кон Министерството за правда.

Протестот беше проследен со скандирање УЧК, со албански американски и знамиња на ЕУ, без државните симболи.  Говорите пред правда беа исклучиво на албански јазик. Меѓу насобраните можеше да се забележат  и членови од пратеничката група на ДУИ. Кратко време по протестот, од партијата Вреди закажаа прес-конференција.

„Денес на протестот без ни малку срам се појавија и двајцата главни виновници што правосудниот испит се одржува на албански јазик. Муса Џафери и Блерим Беџети“, вели Бесар Дурмиши, Вреди.

Во ДУИ негираат дека протестот е партиски, но оти одговориле на повиците на студентите и ги поддржале. За време на протестот кој беше под силно полициско обезбедување,  се случи и инцидент поради што беа приведени три лица.

„Полициски службеници од СВР Скопје приведоа три лица македонски државјани пред Министерството за правда поради нарушување на јавниот ред и мир“, соопштуваат од МВР.

Неколку часа пред да стартува  најавениот протест,  копретседателите на  Вреди, Изет Меџити и Биљал Касами се сретнаа со премиерот Мицкоски со кого разговарале на оваа тема. Од Владата пак соопштија дека се работи на изнаоѓање решение кое ќе биде целосно усогласено со Уставот и со Законот за употреба на јазиците.

Сепак, министерот за правда Филков и раководството на неговата партија ЗНАМ, претходно изјавуваа дека во моментов нема можност за полагање на правосуден испит на друг јазик освен ан македонски. За нешто повеќе од еден месец ова е втор протест на студентите Албанци.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извештајот за непотребните операции на срце поминал на затворена владина седница, откри Клековски без да даде повеќе детали

Дејан Дејан

Руте бара од членките на НАТО јасен план за преземање на поголем дел од трошоците

Дејан Дејан

Украина бара лиценца за производство на ракети за системите за воздушна одбрана „Патриот“ – тоа би било доволно за заштита, вели Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе