Поранешниот член на Државната комисија за спречување на корупција, Горан Трпеновски, во дебатата во „Топ Тема“ оцени дека актуелните протести може да се гледаат како „издувен вентил“, но и како дел од пошироки политички пресметки поврзани со можни предвремени избори.
Тој смета дека различни теми во јавноста се отвораат со цел да се создадат политички услови за изборен процес и да се влијае врз електоратот.
„Суштина на протестите е издувен вентил или сега во најава предвремени избори. И сега секој момент и причина се наоѓа да се дескалира состојбата за да се направат услови за предвремни избори. Ситуацијата моментално економоска не е баш најсјајна. Сега треба 3 милијарди да се вратат долгови, и сега се појави прашањето полагање на правосуден испит. Затоа партиите почнаа да го туркаат ова прашање поради предвремени избори. Сметаат дека со тоа ќе влијаат врз електоратот ќе собираат политички поени“, изјави Трпеновски.
Ваквите прашања не треба да се политизираат, туку да се решаваат низ институционален и експертски дијалог.
„Дали овој закон ќе го подобри квалитетот на образованието, можат ако сакаат со добра волја. Собери ги професорите по уставно право заедно со надлежните институции, земи го уставот и законот седни разговарај дали има основ, ако има океј ако нема пак океј да се најде решение и да не се политизира оваа прашање“, рече тој.
Според него, јавниот дискурс наместо да се фокусира на економските и социјалните проблеми, се враќа кон политички теми кои не носат напредок.
T.Д.
