Вести Македонија Топ вести

(ВИДЕО) Лажен аларм го испразни „Ист гејт“

Посетителите на „East Gate Mal“l денеска биле евакуирани откако во трговскиот центар бил активиран противпожарен аларм. Според информациите, станува збор за лажна тревога, а евакуацијата била спроведена согласно безбедносните протоколи.

Граѓаните мирно го напуштиле објектот, додека обезбедувањето и надлежните служби вршеле проверки на терен.

По утврдувањето дека нема опасност, трговскиот центар продолжил со редовна работа.

Настанот предизвика внимание кај посетителите, особено по неодамнешните лажни дојави за бомби во East Gate Mall и Diamond Mall, кои во изминатиот период ја вознемирија јавноста.

Сепак од СВР Скопје информираа дека денеска до нив не пристигнала дојава за поставена експлозивна направа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извештајот за непотребните операции на срце поминал на затворена владина седница, откри Клековски без да даде повеќе детали

Дејан Дејан

Руте бара од членките на НАТО јасен план за преземање на поголем дел од трошоците

Дејан Дејан

Украина бара лиценца за производство на ракети за системите за воздушна одбрана „Патриот“ – тоа би било доволно за заштита, вели Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе