Временска прогноза

Променливо облачно, претежно во западните делови дожд – Временска прогноза за 13.5.2026

Променливо облачно, претежно во западните делови ќе има повремен дожд. Локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а долж Повардарието северозападен ветер, кој наместа повремено ќе засилува.

Во Скопје, променливо облачно, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 10°C, а максимумот од 20 до 26°C.

Информација од ова утро 12.5.2026

Минимална температура (во °C)

6 Берово, 7 Попова Шапка, 8 Крива Паланка, 9 Скопје-Петровец, Битола, 10 Тетово, Велес, Демир Капија, Kрушево, Лазарополе, 11 Штип, Виница, Струмица, Mаврови Анови, 12 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Куманово, Кавадарци, Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

1 Пожар-Радовиш.

Деталите во Телма МЕТЕО со Деница Ангеловска, во соработка со УХМР!
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локална појава на нестабилност – Временска прогноза за 8.7.2026

meteo

Сончево време со локална облачност, попладне можна локална нестабилност – Временска прогноза за 7.7.2026

meteo

Претежно стабилно, сончево со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 6.7.2026

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе