Променливо облачно, претежно во западните делови ќе има повремен дожд. Локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а долж Повардарието северозападен ветер, кој наместа повремено ќе засилува.
Во Скопје, променливо облачно, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 10°C, а максимумот од 20 до 26°C.
Информација од ова утро 12.5.2026
Минимална температура (во °C)
6 Берово, 7 Попова Шапка, 8 Крива Паланка, 9 Скопје-Петровец, Битола, 10 Тетово, Велес, Демир Капија, Kрушево, Лазарополе, 11 Штип, Виница, Струмица, Mаврови Анови, 12 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Куманово, Кавадарци, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
1 Пожар-Радовиш.
