Војната во Иран ќе „заврши брзо“, кажа претседателот на САД Доналд Трамп кој вели дека вели дека повеќето луѓе ја „разбираат“ неговата цел да ги запре нуклеарните амбиции на Техеран.
Изјавите на Трамп доѓаат откако Иран соопшти дека американскиот предлог за завршување на војната „сè уште се разгледува“.
Американскиот весник „Аксиос“ , објави дека Белата куќа верува дека е блиску до меморандум за разбирање од 14 точки со Иран, кој би можел да постави рамка за подетални нуклеарни преговори.
Висок член на иранскиот парламент го отфрли документот како „листа на желби“, додека портпаролот на Министерството за надворешни работи рече дека Техеран ќе ги сподели своите ставови за американскиот предлог со пакистанските медијатори.
