Вести Свет

Фон дер Лајен до Трамп: Вашингтон да се држи до условите од трговскиот договор со Брисел

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја отфрли заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на царините за европските автомобили, предупредувајќи го Вашингтон да се држи до условите од трговскиот договор со Брисел.

Зборувајќи за прв пат по објавата на Трамп во петокот дека ќе воведе царини од 25 проценти за автомобили произведени во ЕУ, Фон дер Лајен изјави дека „договор си е договор“.

-Имаме договор, а суштината на овој договор е просперитет, заеднички правила и сигурност, кажа Фон дер Лајен на пресконфенецијат за време на ЕУ-Ерменија во Ереван.

Таа додаде дека ЕУ е во „завршните фази на спроведување на преостанатите царински обврски“ и дека и САД имаат обврска.

Таа, исто така, нагласи дека блокот е „подготвен за секое сценарио“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССК: Анализа на цените пред и по кризата, за да се знае каде треба да има намалување

Sasko Dimovski

Шестмина застрелани во младински центар во Германија

Дејан Дејан

Почина поранешниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Марјан Јованов – Мане

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе