Вести Македонија Топ вести

Европскиот фронт започна иницијатива за уставни измени – повик за потпис од сите пратеници

Пратениците од Европскиот фронт го известуваат почетокот на иницијативата за обезбедување на потребните пратенички потписи за иницирање на уставни измени, како неопходен и одговорен институционален чекор за унапредување на процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија.

Оваа иницијатива се заснова на уставната можност предвидена во член 130 од Уставот, според која предлог за измена на Уставот може да поднесе најмалку 30 пратеници.

  • Затоа, почнувајќи од денес, упатуваме повик до сите пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, и од парламентарното мнозинство и од опозицијата, вклучително и пратениците од Алијансата за Албанците, независните пратеници, како и претставниците на сите политички партии кои ја гледаат иднината на државата во Европската Унија, а особено пратениците од ВЛЕН,  да ја дадат својата поддршка со потпишување на оваа иницијатива, рече Блерим Беџети, пратеник од Европски фронт.

Според пратениците од Европскиот фронт ова не е прашање поврзано со партиски интереси или политички калкулации. Ова е суштинско прашање за стратешката ориентација на државата и за иднината на нашите граѓани.

Република Северна Македонија изгуби две години во целосна блокада на евроинтегративниот процес, без никаков напредок. Ова е моментот за клучниот чекор кој ќе го деблокира процесот и ќе овозможи реално продолжување на преговорите со Европската Унија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран и Ирак потпишаа договори за соработка во областа на транспортот, финансиите и енергетиката

Дејан Дејан

Бела куќа: Саудискиот нуклеарен договор бара нормализација на односите со Израел според Абрахамскиот договор

Дејан Дејан

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе