Вести Македонија Топ вести

Предлог за нов Специјален протокол за закани за подметнати бомби во трговски центри и шопинг молови откако стигна нова лажна закана

Скопската полиција ќе направи и предложи посебен специјален протокол при закани за поставени експлозивни направи во трговски центри и шопинг молови откако во два викенда по ред, трите најголеми шопинг молови во Скопје беа предупредени со лажни закани за бомби. Проверките на заканите кои по правило се лажни, покрај паниката меѓу посетителите предизвикуваат и кратење на можноста и времето за трговија во трговските центри.

Протоколот,според она што ни беше посочено, ќе ја зголеми соработката и комуникацијата меѓу полицијата во главниот град и обезбедувањето на трговските центри и моловите, а треба да ја зголеми и превентивната функција на обезбедувањето на центрите за тие да може самостојно да вршат проценки за можни закани и сомнителни активности на посетители.

На тој начин, ќе се намали времето за проверка на заканите кои досега се покажале како злажни. Последната беше синоќа, во сити мол, кога два часа пред затварањето беше извршена евакуација. Проверката покажа дека повторно станува збор за лажна закана испорачана преку имејл.

Во 9 ќе бидат активирани  поставените бомби, така гласела електронската порака која стигнала на повеќе имејл адреси во Скопје, меѓу кои и до полицијата. Од скопската полиција велат дека мејлот пристигнал попладнево со назначено време за експлозија. Мејлот бил новоотворен и имал име кое не може да се поврзе со определен човек односно не постои.

Мејлот од кој стигнала заканата е од странска ИП адреса, а во истрагата се вклучени оделот за компјутерски криминал на МВР како и Интерпол од кој се бара помош за евентуално лоцирање на странската ИП адреса. Минатиот викенд, слични лажни закани имаше и за моловите ИстГејт и Дајмонд.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Google Street View се враќа во Македонија со обемно обновување на снимките низ земјата – опфатени 13.000 километри

Sasko Dimovski

Николоски и директорoт на ЈП Железници на тест возење на реконструирана пруга за товарен железнички сообраќај

Tea Dimkovska

Руте: Новите напади на САД врз Иран беа апсолутно неопходни

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе