Скопското обвинителство отвори истрага за несреќата во Кисела Вода каде при градежни работи загина еден работник, а тројца се повредени. Дежурен обвинител изврши увид на лице место, соопштија од Обвинителатвото.
-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на локација во Кисела Вода, каде при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот. Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински градежен инспектор, информираа од ОЈО Скопје.
