Вести Свет Топ вести

(Видео) Четири убиени лица, 20 повредени – ново пукање во училиште во Турција

Четири лица загинаа, 20 се повредени кога средношколец денеска отвори оган во училиште во југоисточната турска провинција, Караманмарас, потврди гувернерот Мукерем Унлуер.

Меѓу убиените, како што рече Унлуер, има и наставник и додаде дека напаѓачот бил ученик во училиштето кој користел оружје на татко му што го сокрил во ранецот. Гувернерот додаде дека и напаѓачот е меѓу загинатите.

Пукање во Турција имаше и вчера во средно училиште во Сиверек, пришто 16 луѓе беа повредени, по што напаѓачот, инаку поранешен ученик во училиштето, изврши самоубиство.

(Видео) Најмалку 16 повредени во пукање во училиште во Турција – напаѓачот се самоуби

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бројот на новозаболени со стомачни тегоби во Гостивар се намалува, но техничка вода во чешмите се уште нема

Дејан Дејан

Данокот на имот во Скопје ќе се пресметува според реалната пазарна вредност на недвижностите

Дејан Дејан

Јошески: АХВ сеуште не е известена од Центарот за јавно здравје Тетово за водата во Лешок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе