Владата подготвува интервенција на пазарот на горива со намалување на акцизите за дизел и бензин. Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека дизелот би поевтинеил за 4 денари по литар, а бензините за 2 денари, со цел ублажување на новиот ценовен притисок.
Покрај намалувањето на акцизите, се очекува и продолжување на мерката за намалено ДДВ од 10 проценти за уште најмалку две недели. Со овие мерки, Владата планира да ја одржи стабилноста на цените и да го заштити стандардот на граѓаните.
Финансискиот ефект врз државната каса ќе биде значителен, со загуба од десетици милиони евра, но премиерот уверува дека средствата се обезбедени благодарение на домаќинско управување со јавните финансии.
Владата најавува дека ќе ја следи состојбата на пазарот и ќе интервенира повторно ако ценовниот притисок продолжи.
