Вести Македонија Топ вести

Адвокатите на обвинетите 13 полицајци бараат спојување на предметите за „Пулс“

Дел од адвокатите на обвинетите тринаесетмина полицајци бараат судењето против нив да се спои со веќе започнатиот процес против 35 обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“. Тврдат дека се работи за исто дело и ист настан па поради ова обвинителството во Кочани и обвинителството за гонење организиран криминал направиле скандалозен потег што покренале две различни обвиненија.

Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска ги искара за речникот кои го користеле во ваквиот писмен предлог. Инаку денеска требаше да започне судењето против полициските службеници кои Но еден од адвокатите не дојде поради притворски предмет па подготвителното рочиште е одложено. Сите три предмети против полициските службеници, а поврзани со трагедијата во Кочани сега ги превзема обвинителката Спасенка Андонова.

Таа ги презема од обвинителката која ги поднесе обвиненијата Ивана Трајчева откако не и беше продолжен мандатот во организиран криминал. Новата обвинителка вели дека е подготвена и имала доволно време да се запознае со сите предмети.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: пожарот во парк шумата Гази Баба е ставен под контрола

Дејан Дејан

МЕТЕОАЛАРМ: Силен ветар се приближува кон територијата на Македонија

Дејан Дејан

ВЛЕН: ДУИ ја обезвреднува албанската политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе