Мисијата на Меѓународен монетарен фонд оцени дека економијата на Македонија бележи солиден раст и намалување на инфлацијата, но предупреди на зголемени ризици во наредниот период.
Растот достигна 3,5 проценти во 2025 година, поттикнат од инвестиции и силна потрошувачка, додека инфлацијата се намали на 2,9 проценти на почетокот од 2026 година.
Сепак, поради растот на цените на енергенсите и глобалните неизвесности, се очекува економскиот раст да забави на околу 3,1 процент во 2026 година, а инфлацијата повторно да порасне.
ММФ предупредува дека ризиците се претежно негативни, особено поради можни продолжени геополитички тензии и послаб економски раст во Европската унија.
Од Фондот препорачуваат построга фискална дисциплина, таргетирана помош за ранливите категории и продолжување на структурните реформи, особено во јавниот сектор, енергетиката и пазарот на труд.
Според нив, овие мерки се клучни за одржување на стабилен раст, подобрување на конкурентноста и приближување на земјата кон европските економски стандарди.
