Салмонела е причина за труењето со храна кај вработени во РЕК Битола. Центарот за јавно здравје ги соопшти резултатите од анализите спроведени заедно со Институтот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Агенцијата за храна, направени по пријавените случаи на стомачни тегоби по вечерата во мензата на РЕК на 24 март.
Околу 191 вработени во комбинатот побараа лекарска помош и се пожалија на стомачни тегоби по консумирање оброк – лазањи со сос – подготвен во кујната на РЕК Битола.
Од Агенцијата за храна зедоа мостри од храната и брисеви од работни површини, како и од рацете и носот на вработените, а мензата со која стопанисува ЕСМ Молика беше затворена.
Кај еден од вработените е констатирано присуство на стафилококна бактерија.
Емилија Мисирлиевска
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
