На паркинг во мавровското село Ростуше е забалежана мечка меѓу паркираната механизација.
Како што се гледа на видеото објавено од Mavrovo Travel & Adventures на социјалната мрежа Фејсбук, веднаш се собрале неколку кучиња кои почнале да лаат.
Мечката, која е возрасна, по неколку мига сепак се повлекува.
Според надлежните, ова е прв ваков случај во последните месеци за разлика од претходно кога мечки беа забележани во неколку села, дури и во дворови на куќи.
- Досега нема пријава на штета предизвикана од мечки. Како и претходно, и за последниот случај ги презедовме сите законски мерки. Веќе ги имаме информирано соодветните министерства – за земјоделство, шумарство и водостопанство, за животна средина, како и за внатрешни работи – рече за МИА, Харис Ибраими, директор на Националниот парк „Маврово“.
Додаде дека на територијата на НП „Маврово“ има над 180 единки и оти се преземаат сите мерки во согласност со европските законски регулативи.
