Uncategorized Вести Свет Топ вести

(Видео) Израелски војници приведоа екипа на „Си-Ен-Ен“ која известуваше за напад врз Палестинци

Дванаесет часа откако израелски доселеници брутално нападнаа неколку Палестинци и изградија нова нелегална населба во нивното село, интервенираше израелската армија. Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа против палестинските жители на селото Тајасир и екипата на „Си-Ен-Ен“ која известуваше за упадот, пишува „Си-Ен-Ен“.

Има и видеозапис на кој еден од Израелците извикува „Стој! Седнете! Седнете!“, насочувајќи ја пушката кон новинарите кои разговараа со Палестинците. Седумдесет и три секунди подоцна, како штои опишува „Си-Ен-Ен“, еден од војниците му се приближи на фоторепортерот Кирил Теофилос, го зграпчи во задушнички фат, го собори на земја и притоа му ја оштети камерата. Неколку минути подоцна, војниците ја приведоа новинарската екипа и неколку Палестинци кои се нашле во областа.

Два часа поминати во притвор ја разоткриваат идеологијата на доселениците што ги мотивира многу војници на окупираниот Западен Брег, како и начините на кои војската често дејствува во служба на доселеничкото движење. Нивните коментари потврдуваат растечки број докази собрани од новинари, активисти и Палестинци, кои покажуваат дека израелските војници или ги поддржуваат или пасивно ги гледаат нападите на доселениците врз Палестинците и запленувањето на нивната земја.

Еден од израелските војници, кој се претстави како Меир, призна дека населбата што ја штител во Тајасир била нелегална според израелскиот закон, кој ги смета постојните населби за легални и покрај меѓународното право.

„Но, ова ќе стане легална населба“, рече Меир и додаде „Полека, полека“.

На прашањето дали помага во ова, тој веднаш одговори: „Секако… им помагам на моите луѓе“.

Меир ја опиша тактиката на доселениците: воспоставување населби на палестинска земја, сметање на заштитата или пасивноста на израелската армија и на крајот добивање владин декрет со кој се легализира населбата. Сегашната израелска влада, најдесничарската во историјата на земјата, легализираше десетици вакви населби од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Меир и друг војник – оној што го нападна Теофил – постојано повторуваа дека целиот Западен Брег им припаѓа на Израел и на еврејскиот народ, користејќи ја реториката на министрите од крајната десница. Тие, исто така, ги опишаа сите Палестинци како терористи и зборуваа за одмазда.

Израелската војска изјави за „Си-Ен-Ен“ дека „дејствијата и однесувањето на војниците во овој инцидент не се во согласност со она што се очекува од војниците на ИДФ кои дејствуваат во областа Јудеја и Самарија“. Војската изјави дека инцидентот ќе биде „темелно истражен“, но не одговори на прашањата на „Си-Ен-Ен“ за населбата спомената во извештајот или за порастот на насилството меѓу доселениците на Западниот Брег.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CNN (@cnn)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Пронајдена поголема количина кокаин – маж од скопски Брест лишен од слобода

Дејан Дејан

Осомничениот за нападот во Берлин е застрелан од полицијата во момент кога сакал да нападне со остар предмет

Дејан Дејан

(видео) Харис и Кемал се единствените преживеани на Елбрус – загинаа петмина планинари од БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе