Вести Економија Македонија Најважни

Владата утре ќе донесе мерки за справување со растечките цени на горивата

На вонредна седница Владата утре ќе донесе мерки за справување со растечките цени на горивата.

Оттаму информираа дека „цените на светските нафтени берзи растат, што се очекува дополнително да се одрази на домашната цена на бензините.

Иако земјава плаќа убедливо најевтин бензин споредено со регионот се очекува во понеделник дополнителен раст на дизелот и бензините.

„Владата константно ја следи состојбата и утре ќе има вонредни мерки за борба против високите цени на бензините. Ќе се донесат мерки со кои ќе се ублажи ценовниот шок“, велат од Владата.

Цената на нафтата надмина 112 долари, односно поскапе за скоро 60 отсто од пред почетокот на војната на Блискиот Исток, кога барел брент нафта се продаваше за нешто над 70 долари.

Вчера Меѓународната агенција за енергетика го вклучи алармот за предупредување од голема криза поради нарушеното снабдување со нафта и во отсуство на решение за воениот конфликт порача светот да ја намали потрошувачата на нафта.

Се предлага работа од дома, користење јавен превоз и да се избегнува патување со авион.

Претходно опозицијата ја критикуваше владата дека сè уште не презела ништо.

„Спиралата на раст на цените на храната започна. По маркетите се започнати поскапувањата, маслото за јадење е над 100 денари, јајцата над 300 денари, зеленчукот и овошјето над 100 денари за килограм, основните производи стануваат луксуз“, вели Симона Цветаноски, членка на ИО на СДСМ.

Зголемувањето на цената на горивата за дополнителни 7 денари по литар, вторпат во рок од само една недела претставува директно продлабочување на притисокот врз животниот стандард, особено во економија во која секое поскапување на енергенсите се прелева во цените на храната, транспортот и основните услуги“, посочија од Левица.

Спречувањето на енергетска и ценовна криза по избувнувањето на војната на Блискиот Исток стана императив за светот.

Србија ја продолжи забраната за извоз на горива до 2 април. Владата, исто така, одлучи да ослободи 40.000 тони дизел од резервите во текот на наредните денови.

Досега акцизите за горива беа намалени за вкупно 61 отсто. Според пресметките, тоа ќе го чини буџетот на Србија над 100 милиони евра месечно.

И Словенија ќе ослободи до 30 милиони литри дизел од своите стратешки резерви за да се справи со прекините во снабдувањето.

Пред две недели, словенечката влада го намали акцизниот данок и планира дополнителни намалувања следната недела.

Словачка го ограничи извозот, но и количеството дизел што може да се купи по трансакција, а најави дека ќе воведе различни цени за домашни и странски возила. Ограничувањата ќе бидат во сила 30 дена.

Мирјана Јовеска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ бара оставки на здравствените власти, на директорот на АХВ и на одговорните во лојалните ЦЈЗ

Sasko Dimovski

Случајот со загадената вода во Гостивар разоткрива непрофесионално и неодговорно однесување, велат невладините

Sasko Dimovski

Мал бетонски објект, метална врата и катанец како единствена заштита – до Комората во Вруток може да пристапи секој

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе