Во фирмата „Сити аутсорсинг“ која зема тендери од државни институции во моментов нема роднини на директорот на СОЗР Ивица Томовски па поради тоа нема ни судир на интереси утврди Антикорупциската комисја. И покрај тоа што неговиот татко бил управител, а во моментов негов близок пријател е сопственик, сепак од ДКСК велат дека законот е таков што не може да се најде незаконско постапување. Утврдија и дека и покрај тоа што фирмата навистина добивала тендери од институциите сепак до сега нема земено пари од СОЗР, таму каде што директор е токму Томовски. Сепак сметаат дек јавниот интерес за овој случај е голем па ќе мора дополнително да се истражи дали на Томовски му легнувале пари на сметка од истата фирма и по кој основ.
За фирмата „Сити Аутсорсинг“ СДСМ обвини дека добила вкупно 5.3 милиони евра, од вкупно 161 тендер. Обвинија дека токму најголемите зделки главно за хигенски услуги ги направила лани, и тендерите тежеле скоро половина милион евра. Објавија и телефонски броеви за контакт од истата фирма кои водеа до името на Томовски.
ДКСК денеска потврди дека неговиот татко бил управител до 2021 година, а дека томовски три години до 2023 година бил донатор на владеачката партија, но дека се ова било пред неговото на значување за директор во јуни 2024 година.
Левица пак објави дека актуелниот управител на компанијата е Милчо Стрезоски од Струга кој како што рекоа е близок пријател на Томовски. Тој по ова негираше негова вмешаност во фирмата а истото го сторија и од Сити Аутсорсинг.
Билјана Николовска
Дигитална обработка: Т.Д.
