Вести Македонија Најважни

За малолетничките кои тепаа и се изживуваа врз девојче во Аеродром и за нивните родители ќе има кривични пријави за насилство и запуштање на дете

Со две малолетнички кои тепаа и се изживуваа врз 12 годишно девојче во скопската населба Аеродром полицијата изврши службен разговор во присуство на нивните родители.

Другите малолетници кои го снимаат насилството и не преземаат ништо за да го спречат туку напротив ги бодрат насилничките, полицијата се уште не ги идентификувала.

Чинот на насилство што ја згрози јавноста, во полиција го пријави мајката на 12 годишното девојче.  Во пријавата, таа навела дека нејзината ќерка во парк во општина Аеродром, била физичко нападната од 14-годишна малолетничка која била заедно со нејзина другарка и кои претходно ја натерале во два наврати да клекне на колена и да се извинува.

Откако тргнала да си оди била физички нападната од друга малолетничка, а целиот чин бил снимен со мобилен телефон од повеќе малолетници. Девојчето рекло дека еден од нив го познавала.

Освен двете маолетнички со кои бил извршен разговор, полицијата соопшти дека уште не ги идентификувала другите малолетници.

За сите инволвирани во случајот ќе бидат ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 и за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 од Кривичниот законик.

Известен е јавен обвинител за малолетници и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Еуроњуз“: ЕУ ќе ги пренамени средствата за земјите од Западен Балкан со најмногу реформи-меѓу нив е и Македонија

Kristina Kuzmanovski

Апасиев кон Мицкоски: На лидерската средба се разговараше за една изборна единица, а не за електронско гласање на дијаспората

Kristina Kuzmanovski

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател, СДСМ се зајакнува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе