По падот на цените на светските берзи, власта треба веднаш да ги намали цените на горивата во Македонија, наместо граѓаните да плаќаат поскапо. Зошто се поскапени цените кога има пад на светските берзи?, прашува СДСМ.
- Со сегашното зголемување граѓаните плаќаат над 3 милиони евра неделно повеќе. Се поставува прашањето кој има интерес од ова поскапување и каде завршуваат овие пари? Дали Владата намерно ги зголеми цените иако цената на барелот веќе падна вчера?
Според СДСМ, секоја работа за Мицкоски е бизнис, тоа граѓаните многу добро го знаат. Власта веднаш да ги намали цените на горивата и да ги прифати мерките на СДСМ за намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, за намалување на акцизата за 4 денари и намалување на ДДВ за основните прехранбени производи.
