Украинскиот претседател Володимир Зеленски понуди испраќање на најдобрите стручњаци за соборување на иранските дронови на Блискиот Исток, но под услов челниците да го убедат рускиот претседател Владимир Путин да се согласи на едномесечно примирје во војната, пренесува Блумберг.
„Би предложил следново, челниците на Блискиот Исток имаат добри односи со Русија. Би можеле да побараат од Русите едномесечно примирје во војната со Украина“, рече Зеленски во телефински разговор за Блумберг од Киев, мислејќи на лидерите на Обединетите Арапски Емирати, на Катар и на Саудиска Арабија.
Откако примирјетои би стапило на сила, Зеленские подготвен да испрати тим од најдобрите украински стручњаци за соборување на дронови на Блискиот Исток.
Зеленски ја изнесе понудата, откако градови на Блискиот Исток, вклучително и Дубаи, станаа мета на ирански напади со дронови и проектили. Техеран на тој начин возвратина американско-израелските воздушни удари во кои беа убиени ајатолахот Али Хамнеи и други високи официјални претставници на Иран.
