Смртта на иранскиот Ајатолах Али Хаменеи може да се претвори во најголемиот предизвик за теократскиот режим во Техеран уште од неговото основање во 1979 година. Но, од друга страна не значи и дека неговото „отстранување“ ќе го урне режимот кој веќе речиси 50 години темелно ја контролира државата.
Иако Иран има претседател и влада кои управуваат со земјата, вистинската моќ и последниот збор за секое прашање го има Врховниот лидер. Режимот само еднаш до сега ја има искусено потребата да избира нов Врховен лидер, и тоа по смртта на неговиот основач Рухола Хомеини во 1989 година.
Но, за разлика од тогаш, кога Хомеини лично го имаше избрано Хаменеи за негов наследник, вториот Ајатолах не го направи тоа. Долги години поранешниот претседател Ибрахим Раиси беше сметан за најверојатниот наследник, но тој загина во хеликоптерска несреќа во 2024 година.
Од тогаш наваму, неговиот син Моџтаба Хаменеи беше спомнуван како можен наследник. Речиси ништо не е познато за таинствениот Моџтаба, освен тоа дека раководи со личното богатство на Ајатолахот и дека има извесно влијание во режимот.
Но, тој најверојатно не е единственото име кое се спомнува како можен наследник.
Извори од Иран посочуваат дека Хаменеи наводно селектирал тројца можни наследници уште во текот на 12 дневната војна со Израел минатата година, чии имиња не се откриваат.
Соопштувајќи го почетокот на воената операција, американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Иранците да излезат на улица и да си ја вратат власта во земјата, но тократскиот режим досега повеќе пати се покажа како прилично издржлив кога се соочува со егзистанцијални закани по неговиот опстанок.
Масовните протести по изборите во 2009 година, протестите кои избија по убиството на Махса Амини пред две години, и протестите поради високата инфлација и неодржливи трожоци за живот на почетокот на оваа година беа брутално задушени со илјадници убиени демоинстранти и десетици илјади уапсени.
Режимот кој дојде на власт поведувајќи масовни протести против Шахот Палави во 70-те години на минатиот век, е многу чувствителен за народното незадоволство, и како што растеше незадовослтвото против него изминативе години, така се зголемуваше и бруталноста која теократите ја употребија за да ја задржат власта во Иран.
Несигурноста и загриженоста од продлабочување на нестабилноста во регионот произлегува од потенцијалот за избивање на интерни судири во Иран, во случај да се појават спротивставени елементи на постоечкиот режим кои меѓусебно ќе се соочат натпреварувајќи се за освојување на власта во Иран, или во најмала рака зголемување на своето влијание кај новото раководство.
Синот на протераниот шах, Реза Палави, постојано се претставува како потенцијална транзициона фигура во Иран, но подршката која тој ја ужива во Исламската република е сомнителна.
Во отсуство на брз избор на нов Врховен лидер и јасна транзиција на власта, Исламската револуционерна гарда, моќната паравоена формација, која и без тоа контролира голем дел од економскиот и социјален апсект од иранскиот живот, може да ги открие своите амбиции за поголема зависност од тократите.
Нејзиното евентуално преземање на власта од страна на Гардата ќе значи трансформација во еден хибриден режим предводен од воени религиозни фанатици, кои најверојатно ќе ја продолжат репресијата врз иранското цивилно население.
Игор Трајков
