Вести Економија Македонија Најважни

Бислимоски си поднесе оставка од претседателската функција на РКЕ

Досегашниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика си поднесе оставка. Тој утрово преку писмо го информирал претседателот на Собранието дека се повлекува од функцијата на која за првпат беше избран во јуни 2018 година.

Бислимоски во оставката не ги навел причините за повлекувањето. Пред скоро време Управата за финансиска полиција му поднесе кривична пријава сомничејќи го за злоупотреба на службената положба и овластување. Во пријавата поднесена на 29 јануари се наведува дека Бислимоски, наводно, не постапил според Законот за енергетика и не ја одзел навреме лиценцата на компанијата „Тритерол петрол“ ДООЕЛ Скопје, иако не ги исполнувала условите за трговија со нафта и горива. Лиценцата наводно требало да биде одземена во јануари 2024 година, но постапката била прекината со незаконско решение и лиценцата е одземена дури во април 2025 година.

Тоа и овозможило на компанијата да работи уште околу 15 месеци и за тој период остварила промет од над 3,15 милиони евра и противправна имотна корист од околу 229 илјади евра.

Бислимоски тогаш на прес-конференција рече дека ќе им ги стави на располагање сите информации на надлежните институции, со цел да докаже дека во постапката за одземање на лиценцата на компанијата не било направено никакво прекршување на законската регулатива.

Вториот петгодишниот мандат на Бислимоски требаше да заврши во јуни во 2028 година.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонското знаме, конечно, во кабинетот на Ахмети – амбасадорите му сугерирале, тој прифатил

Sasko Dimovski

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд – Временска прогноза за 24.7.2026

meteo

Осум милиони денари штета на буџетот – Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управител и правно лице за даночно затајување

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе