Мартин Гоџо од охридската населба Варош и годинава беше најбрз и најсреќен меѓу учесниците на традиционалното фрлање на светиот крст во Охридското Езеро по повод празникот Богојавление – Водици. Тој прв доплива до крстот и го извади од студените води, стекнувајќи се со благослов и среќа за претстојната година, во духот на вековната православна традиција. Гоџо и минатата година го фати светиот крст, со што уште еднаш ја потврди својата умешност и подготвеност на овој значаен верски настан.
Христијан Бошевски го фати светиот крст во Битола
16-годишниот Христијан Бошевски од Битола го фати светиот крст на централната манифестација која традиционално се одржа во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола. Тој беше најсреќен меѓу триесетината верници кои годинава скокнаа по светиот крст. Меѓу учесниците имаше само едно девојче,14-годишната Марија Лумановска, која изјави дека ова и е прво искуство во обидот да го фати светиот крст.
Одбележувањето на празникот Богојавление – Водици започна утринава со света божествена литургија во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола, со која чиноначалствуваше епископот велички Никола, по што беше извршено и традиционалното осветување на водата.
Во соборниот тетовски храм Свети Кирил и Методиј во Тетово, осветениот крст во црковниот базен го фати 51 годишниот Јовица Илиески-Кара. По крстот скокнаа тројца верници.
А еве како беше во Радовиш. Најсреќен беше 17-годишниот Филип Ристов.
Богојавление во Бигорскиот манастир „Св Јован Крстител“
