Повеќе објекти, куќи, викендици и штали во изминатите неколку години биле запалени во селата по течението на реката Бабуна, под Солунска Глава. Оштетените својата приказна ја раскажуваат за КОД, бидејќи еден пожар во селото Нежилово е расветлен и пред суд.
Жртвите сметаат дека зад подметнувањата на пожарите стои еден организатор и еден нарачател. Како организатор во расветлениот случај на подметнат пожар е обвинет Ѓоре Петровски, велешанец познат по прекарот Американецот, кој беше обвинет и за нарачано убиство во 2005-та, но потоа беше ослободен.
Во КОД вечерва и за случајот „Ликвидација во Ореше“, убиство кое не е расветлено повеќе од две децении. Поради откривање на злоупотреби со заштитен сведок, во рамките на таа истрага беше притворен и новинарот Томислав Кежаровски во време кога ја истражуваше смртта на основачот на Фокус, Никола Младенов.
Емисијата КОД е вечерва по вестите на Телма во 18:30 часот.
