Вести Економија Топ вести

Блокади на границите – превозниците од Македонија, Србија, БИХ и Црна Гора на заеднички протест

Македонските превозници се приклучуваат кон блокадите на границите кон земјите од Шенген зоната. Причината за ова е новиот систем за влез и излез во овие држави со кои на камионџиите од Западен Балкан им се ограничува престојот. Синоќа на состанок едногласно била донесена одлуката дека и тие излегуваат на протестот со меѓународните превозници од БИХ, од Србија од Црна Гора.

Од Асоцијацијата алармираат дека ако не промени нешто, освен транспортот, големи штети ќе трпи целата економија и државата. Предупредуваат дека може да се појави недостаток на одредени производи. Се обратиле и до Европската комисија од каде се бара да немаат ограничувања, затоа што тоа се работници, а не туристи. Од таму одговор, дали ќе се промени нешто или не требало да добијат до вчера, но бидејќи нема ништо повратно паднала одлука за блокади.

„Што значи дека на овој начин ќе дојде до застој на испорака на репроматеријали на трговски производи за широка потрошувачка затоа што процесот на превозот ќе се продолжи. Верувам дека одредени фирми ќе бараат странски превозници, но сега веќе нем  можат да бараат ниту од Србија ниту од Босна и ќе мора од ЕУ трошокот за тоа би бил огромен како прво а како второ не ни сакаат да доаѓаат затоа што треба да се чека на граничните премини“, изјави претседателката на МАКАМТРАНС, Биљана Муратовска.

И од бизнис секторот сериозно се загрижени за ограничувањето.

„Тоа сето ги зголемува оперативните трошоци на работење на транспортните компании директно, а индиректно и нам и на целокупната економија. Уште еднаш ќе напоменам не е ова нешто што нас не засега ова е ланец кој што потоа ќе повлече многу други проблеми“, соопшти за Телма, Марија Дуковска Павловска, генерална директорка на Макстил. 

Велат и дека ја известиле и Владата и им било посочено дека за ова ќе се погрижи министерството за транспорт. Блокадите на превозниците од регионов се најавени за 26 месецов.

Во земјава има околу 2.700  превозници за меѓународен транспорт. Муратовска потенцира и дека увозот и извозот на домашната економија најмногу се одвива по патен сообраќај.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во јуни загинаа најголем број украинските цивили од април 2022 година

Дејан Дејан

Франција повторно падна во полуфинале против Шпанија

Sportska Redakcija

Илон Маск веројатно го прекршил законот давајќи им на гласачите 1 милион долари – утврди изборната комисија во Висконсин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе