Вести Македонија Топ вести

Законот за прекршоци и сејф сити-утре на Собрание, ДУИ и Левица ќе го гласаат

Законот за прекршоци чие донесување е потребно за да профункционира казнувањето со сејф сити утре ќе биде ставен на седница на Собранието, потврди за Телма, Никола Мицевски координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицевски ни рече дека на денешната, како што ја нарече неформална координација, на која учествувале координаторите на ВРЕДИ, Левица и ДУИ добиена е нивна поддршка за да се изгласа законот за кој е потребно двотретинско мнозинство.

Мицевски вели дека биле сослушани забелешките на партиите кои биле изнесени на вчерашната лидерска средба. Договорено било забелешките да се решат во наредниот период. На координацијата бил повикан и претставник на МВР, но не бил поканет координаторот на СДСМ.

СДСМ се уште нема одлучено како ќе се постави кон законот, ни изјави координаторот на СДСМ, Оливер Спасовски кој потврди дека не бил на координацијата. СДСМ има забалешки и за начинот како ќе се управува со податоците собрани со овој голем систем за да не се случи злоупотреба на Сејф сити.

Со промените на Законот за прекршоци се овозможува целосна примена на сејф сити и од први февруари да почне испраќање на казни по системот за прекршителите на законот односно за оние возила кои ќе поминат на црвено или ќе возат побрзо од дозволеното.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Документарниот филм на Милчо Манчевски „ Добри луѓе“ во трка за наградата „ Срцето на Сараево“

Sonja Petrusevska

ВМРО – ДПМНЕ: Филипче нема кредибилитет да зборува за здравството каде остави тотален колапс

Дејан Дејан

Старата чаршија пулсира во ритамот на музиката: Започна првото издание на Интернационалниот фестивал „Чаршија“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе