Вести Македонија Најважни

Алиу: Бизнисите нема да се затворат, затоа што ние не забрануваме пушење на цигари

Министерот за здравство Алиу не очекува новиот закон за Заштита од пушење да има негативни импликации врз работењето на угостителските објекти. На угостителите, тој, им препорачува дека согласно законот што е усогласен со европските стандарди, локалите треба да бидат соодветно прилагодени ако сакаат да се дозволи употреба на цигари. Сепак, Алиу уверува дека овие ригорозни измени ќе имаат сериозни ефекти врз здравјето на луѓето, бидејќи трошоците за лекување на болести поврзани со пушењето се огромни. Економското влијание на тутунот е значајно, опфаќајќи над 5% од БДП преку здравствени трошоци и загубена продуктивност, стои во нацрт текстот објавен на ЕНЕР.

„Дефинитивно според направените анализи ќе биде намален бројот на граѓани кои ќе имаат здравствени проблеми кои се поврзани со пушењето. Бизнисите нема да се затворат затоа што ние не забрануваме пушење на цигари. Тие луѓе што користат цигари можат да пушат во одредени простории, каде што се терасите што се отворени од три страни, така да тие може да креираат такви објекти ако тоа им е важно за бизнисот“, изјави Азир Алиу, министер за здравство.

Од Здружението на угостителството велат дека сè уште го кројат нивниот став,

Од Институтот за јавно здравје велат дека направиле две истражувања за ученици и полнолетни граѓани. Резултатите покажале висок процент на пушачи.

„Последниот извештај спроведен во сите училишта вели дека цигарите се користат 37,4%, а 43% се користат електронските цигари. Тоа е многу висок процент, а зборуваме за ученици од 15 години па и помали“, изјави Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје.

Професор доктор Докиќ од клиниката за пулмологија и алергологија смета дека законот мора да биде ригорозен затоа што луѓето не се свесни за последиците од пушење.

„Електронските цигари се далеку од безбедни во однос на штетните последици. Тие на некој начин се промовираат како замена и поздрава варијанта за оние коишто пушат, но тоа е далеку од вистината“, изјави проф.д-р Дејан Докиќ од универзитетската клиника за пулмологија и алергологија.

Предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде сите заинтересирани граѓани и организации можат да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија треба да му исплати речиси 3.500 евра отштета заради притворот на екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски, одлучи ЕСЧП

Дејан Дејан

Најмалку 12 загинати во шумски пожар во Шпанија – огнот избувнал за време на топлотниот бран

Дејан Дејан

ВЛЕН: Односите со Албанија, комуникација и соработка не смеат да бидат жртва на тесни партиски интереси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе